Македонија

Денес ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд

Времето деенска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, на места (над 25 л/м2). Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час). Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Стабилизирање на времето се очекува во петок и за време на викендот.

На почеток