Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Стабилизирање на времето се очекува во петок и за време на викендот.