Свет

Грчките власти ставија во карантин хотел во кој се сместени баратели на азил, 150 лица позитивни на КОВИД 19

Грчките власти ставија во карантин хотел во кој се сместени 470 баратели на азил, од кои 150 се позитивни на тестовите на коорнавирус. Јавната телевизија ЕРТ објави дека полицијата е пред хотелот во селото Краниди на Пелопонез и дека никој не смее да излегува.

Зградата била дезинфицирана вчера, а хоспитализираните лица во хотелот биле тестирани кога со болнички преглед било откриено дека бремена жена од Сомалија била заразена со вирусот.

28-годишната Сомалијка е сместена во изолација во својата соба, а целиот хотел е ставен во карантин, соопшти Министерството за имиграција.

фото:WTNH.com

 

На почеток