Македонија

Д-р Елена Зафировиќ: Да изградиме систем врз база на професионализам, стручност и посветеност на секој поединец

Докажан професионалец во сферата на здравството, со повеќе од 13 годишно искуство во работа со пациенти, Д-р Зафировиќ е специјалист по абдоминална хирургија во УКХБ “Св.Наум Охридски” – Скопје со завршена супспецијализација по трансплантациона хирургија во Кембриџ , В.Британија. Има изградено професионално реноме во повеќе домашни и меѓународни институции.Меѓудругото таа е член на “Доктори без граници” и “Човештвото на прво место”и активно учествува во хуманитарни мисии во Африка.

Интервју со: Д-р Елена Зафировиќ, кандидат на листа на пратеници  во ИЕ1

ДА ИЗГРАДИМЕ СИСТЕМ ВРЗ БАЗА НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, СТРУЧНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ НА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ

ПолитикаКој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски концепт?

Д-р Елена Зафировиќ: Македонски Концепт е единствената опција кадешто обичниот граѓанин може слободно да зборува за проблемите со кои се соочува секојдневно,и кадешто кон предлозите од страна на обичниот граѓанин за решенија за проблемите со кои сите се соочуваме се гледа со отворен пристап, без разлика на тоа од која сфера и поле на делување тие доаѓаат. Накратко, Македонски концепт е една граѓанска опција која на прво место ја става благосостојбата на секој од нас поединечно и на сите нас заедно.

ПолитикаДали е ова Ваш прв политички ангажман? Што е тоа што е различно во контекст на оваа Ваша одлука?

Д-р Елена Зафировиќ: Да. Досега не сум била припадник на ниту една политичка опција, ниту пак сум имала некакви политички аспирации. Верувам во различноста на пристапот на Македонски концепт и во искреноста да се направи промена во државата, промена која е насочена кон поставувањето на нови темели, нови вредности на кои ќе почива  подобра иднина.

ПолитикаСпоред Вас, што е пресудно за подобра иднина на државата?

Д-р Елена Зафировиќ: Воведување на системски реформи и нормална функционалност на сите сфери на делувањето на државата и на институциите. Тоа значи изградба на функционален систем, отпорен на грешките на поединците, независен од политиката и структуриран врз основа на професионализам, стручност и посветеност. Овие три атрибути се клучни во архитектурата на секој систем којшто шретендира да биде функционален. Проблемот во нашиот систем е што овие вредности се контаминирани.

ПолитикаКои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Д-р Елена Зафировиќ: Деполитизација и декриминализација на општеството во целина. Во последниве 30 години политичките партии взаемно си ги простуваат и си ги предаваат криминалите едни на други. И, наместо да го спречуваат, тие го надградуваат таквиот систем кој вешто го кријат зад флоскулите на „нова и силна правна држава“ или „здрави институции“. Овој таканаречен процес, оваа “чадна завеса” мора да престане еднаш и засекогаш, а со тоа, и да се постават вистински темели на една нормална и функционална држава.

ПолитикаКоја компонента од она што го нуди Македонски концепт за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Д-р Елена Зафировиќ: Професионалци и индивидуалци со различен карактер, лична и професионална позадина, кои имаат заедничка идеја за слободно искажување на своите ставови. Концепт кој подразбира проекти наместо пароли и демагогија, во насока на одговор на предизвиците со кои оваа наша држава се соочува и ќе се соочува во иднина.

ПолитикаКако вие лично ќе придонесете кон промените коишто ги предлага Македонски Концепт?

Моето поле на делување е здравството. Здравствениот систем има најголема потреба од промени во сите сфери ,почнувајќи од начинот на кој се едуцираат идните здравствени работници и се  евалуира нивната подготвеност за работа со пациенти па се до начинот на кој тие се вработуваат и унапредуваат во текот на кариерата. Изразувам лична подготвеност, сите свои професионални капацитети и искуство од работа во различни здравствени системи  да ги насочам кон решавањето на проблемите во здравството.Јас имам познавање од прва рака за проблемите на здравствениот систем на сите нивоа затоа што во текот на мојата кариера поминав пат од матичен лекар ,преку приватна специјализација до работа во приватна клиника и на крај работа во универзитетска институција.Проблемите во здравството не се нерешливи само треба да постои подготвеност да се направат радикални промени ,односно храброст да се пресече

ПолитикаЗа што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Д-р Елена Зафировиќ: Департизација, професионалност, чесност, искреност, всадување на европски вредности кај младите и отворање можности за нивен развој и професионална надградба во границите токму на оваа земја. Само преку искрени, суштински и транспаренти проекти, би се створиле можности за инклузија на секоја социјална група или категорија, да даде свој придонес во нормалното функционирање на системот и на нацијата.

ПолитикаПротежирате проекти, наспроти големи зборови?

Д-р Елена Зафировиќ: Преку проектите најдобро се истакнува креативноста, индивидуализмот и професионализмот. Исто така, тоа е начин директно да се допре до граѓаните, до нивните проблеми и идеи, а со тоа да се изнајде прифатливо и функционално решение за секој предизвик.

ПолитикаОпишете ја Македонија за пет години од сега.

Д-р Елена Зафировиќ: Нормална Држава со која сопствениот народ, особено младите ќе се гордеат. Држава со многу предизвици пред себе, но и со реална надеж и можности за остварување на  зацртаните цели и стратегии на политички, економски и на социјален план.

ФОТО: Македонски Концепт

извор: Politika.com.mk

На почеток