Високите преставници на петте држави од Дримскиот басен денеска на виртуелен начин ја потпишаа Заедничката Изјава со која ја одобрија Стратешката Акциона Програма (САП) за одржливо управување со поширокиот Дримски Басен со што се носи директна придобивка за 1,6 милиони жители во сливот. Споделен помеѓу Албанија, Грција, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, басенот на реката Дрим дава водени ресурси за пиење, за производство на енергија, за рибарство и земјоделие, биодиверзитет, туризам и индустрија.
Одобрувањето на САП-от ја потрврдува политичката волја помеѓу петте држави за заеднича прекугранична работа и испраќа силна порака дека подобреното управување со водените ресурси кои придонесуваат за подобро јавно здравје и живеење, останува приоритет и продолжува да биде цел на прекугранично ниво дури и во тешки времиња како што моментално се соочуваме со COVID-19 пандемијата. Токму сегашната криза ја подвлекува важноста на водата за одржување на хигиената и во регионот и глобално.
Изготвувањето на САП-от, кој што содржи преку 100 договорени законски и технички мерки, беше поддржано од страна на ГЕФ Дримскиот Проект ( Drin Project ), кој што беше дизајниран да го реализира Меморандумот за разбирање за одржливо управување со Дримскиот басен, потпишан во Тирана на 25.Ноември 2011 година од страна на надлежните министри на земјите од Дримскиот басен. Дрим Кор групата, заедничко тело создадено за да го координира спроведувањето на Меморандумот и Експертските работни групи целосно се оперативни, со застапеност на жените од 30% и 60% од членовите во телата. Дримскиот Проект е имплементиран од страна на УНДП, а го извршува Глобалното партнерство за Води – Медитеран (GWP-Med). Европската комисија на УН за Европа (УНЕЦЕ) е партнер низ овој процес.
Денешното потпишување на САП-от е чекор напред во имплеметацијата на Заедничката визија за одржливо управување со басенот на реката Дрим, утврдено преку Дримскиот Меморандум.
Стратешката Акциона програма се израбутуваше во претходните повеќе од година дена преку интензивен консултативен процес со вклученост на преку 200 интересенти, вклучувајќи ги тука и преставниците на релевантните Министерства и технички експерти.
САП-от вклучува активности и мерки кои ги рефлектираат четирите прекугранични проблеми кои предизвикуваат голем број на негативни ефекти кон природата, општеството и економијата, како што се : загадувањето на водите, деградација на биодиверзитетот, пореметување на водниот режим и преносот на седиментите, со што САП-от е прв стратешки документ за споделените водни ресурси во регионот. Овие прекугранични проблеми беа идентификувани преку научната проценка на Дримскиот басен позната како Прекугранична дијагностичка анализа. Мерките вклучени во САП-от ќе им послужат на државите во имплементацијата на европските директиви за води и животна средина како што е Европската рамковна директива за води..
САП-от ќе обезбеди главна платформа за информации околу координираното управување со Дримскиот Басен во наредниот период. Приоритетот на државите сега е насочен кон идентификување на извори за финансирање на имплементацијата на меркиот од САП-от, за да се осигура и обезбеди одржливото управување на Дримскиот басен .
„Една од научените лекции од пандемијата со КОВИД-19 е дека е многу важно да се има добра прекугранина и регионална соработка. Стратешката Акциона програма за Дримскиот басен има две различни поенти, еколошка, како важен чекор кон идното заедничко управување со Дримскиот Басен и втората силна политичка порака за регионалната соработка. Би сакал да ја изразам благодарноста за поддршката дадена од страна на донаторите, партнерите и од организациите кои го имплементираат Дримскиот процес (GEF, UNDP, UNECE, GWP-Med). Длабоко верувам дека САП-от ќе води и кон поддршка и на планираната донаторска конференција, но и кон продолжување на активностите преку нов проект за имплеметација на самата Стратешка Акциона Програма“, истакна Јани Макрадули , Заменик Министер за животна средина и просторно планирање , Северна Македонија .
Проф. Константинос Аравосис, Генерален секретар Министерство за животна средина и енергија, Грција истакна:
„Со оваа заедничката декларација, надлежните органи во земјите од Дримскиот Басен ценејќи ги позитивните резултати од активности кои се досега превземени , ја реафирмираат политичката волја за продолжување на соработката кон обезбедување на одржливо управување во пошрокиот Дримски басен, согласно со принципите и легалната рамка на Европската Унија и останатите билатерални и мултилатерални договори на ниво на суб-басените. Истовремено, се реафирмира и волјата да се вкорпориираат межународните конвенции и протоколи прифатени од страните и да се препознае заштитата и конзервацијата на животната средина како и одржливото управување со водните ресурси како интегрален дел од севкупниот развој на регионот преку координирани акции за санирање на идентификуваните проблеми.“
„Усвојувањето на САП-от, за нас значи многу важен чекор напред кон зајакнување на управувањето со споделените водни ресурси. Досегашната работа служи како силна база за утврдување на заедничките цели и задачи за да се зајакне соработката и за да се спроведат конкретни активности за подобрување на квалитетот на водите во согласност со принципите за интегрално управување со водните ресурси. Би сакал да се заблагодарам на моите колеги од Албанија, Грција,Северна Македонија и Црна Гора за сораборката. Во очекување сме на следниот чекор, имплементација на САП-от“, истакна зедин Бутиќи, Генерален секретар, Министерство за инфраструктура и животна средина , Косово .
„Во време кога светот е затворен со цел победа над коронавирус пандемијата, никогаш не било поважно да се заштитат нашите водни ресурси. Во овие непредвидливи времиња, водата е најпотребното оружје за победа врз болестите и има улога на бариера за вирусот и улога на обезбедувач на пристојното живеење за милиони луѓе кои се затворени во своите домови. Бидејќи ние работиме повеже од 10 години со убедување сека управување со важен споделен ресурс, ние ќе сториме се да останеме фокусирани на имплементацијата на САП-от за Дрим и и покрај се ќе останеме оптимисти и во овие тешки времиња“, истакна Герта Љубоја, Генерален директор, Агенција за управување со водни ресурси , Албанија
„Ова е многу значаен настан за зајакнување на регионалната соработка во Дримскиот Басен и е наше огромно задоволство да ја промовираме заедничката активност за координирано управување со споделените водни ресурси во Дримскиот Басен. Оваа заедничка изјава дефинитивно ќе биде рамка за идната соработка во наредниот период со силна посветеност кон тоа да се обезбеди заштита на животната средина и подобро управување со нашите водни ресурси“, истакна Момчило Благојевиќ, Генерален директор на директоратот за управување со води, Министерство за земјоделие и рурален развој , Црна Гора.
Организации и партнери
Густаво Фонсека, Програмски директор, Глобален фонд за животна средина (ГЕФ)
“Потпишувањето на Стратешката акциона програма за Дримскиот басен одбележува еден важен чекор кон поголема прекугранична соработка за споделените ресурси и животната средина кои ќе обезбедат здрав и отпорен екосистем во басенот на реката Дрим. Воодушевувачки е да се види како силната соработка помеѓу економскиот сектор, политичките лидери и оние кои живеат во Басенот во повеќе држави е пренесена во Стратешката акциона Програма. Споделените речни басени низ светот можат многу да научат за духот на соработката и искуствата кои денес ни се преставени преку работата за басенот на реката Дрим.“
Лимија Елтајеб, УНДП резидентен преставник во Албанија
„Одобрувањето на Стратешката Акциона програма за Дримскиот басен – кое доаѓа после декада на работа после потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Тирана во 2011 година е важен чекор напред во поставувањето на приоритетте во Дримскиот Басен и како ти да бидат решавани. Стратешкиот документ ја презентира заедничката визија за бенефит и одржлив развој на 1.6 милиони жители во сливот.“
Д-р Моника Вебер- Фар, Извршен секретар, Глобално партнерство за води (GWP):
„Во време на COVID-19 кризата, 5 земји од Дримскиот Басен испраќаат силна порака дека подобреното и интегрирано управување со водните ресурси че продолжи да биде примарна цел, овозможувајќи придовки за жителите,еконоски рат и работни места, животна средина , здравје и останато. Служејќи му на Дримскиот процес за соработка речиси една декада, како организација Глобално партнерство за води и Глобалното Партнерство за води – Медитеран (GWP-Med) можеме да се чувствуваме гордо на ова достинување. Благодарни сме и на нашите партнери GEF, UNDP and UNECE, за нивната координирана поддршка и заедничките активности кои продуцираа видливи резултати за бенефитот на земјите од Дримскиот Басен.“
Марко Каинер, Директор на одделот за животна средина, УНЕЦЕ
„Прекуграничната соработка на Проширениот басен на реката Дрим ја достигна една од главните цели и донесе важни придобивки со придонесувањето кон имплементацијата на Конвенцијата за води на УНЕЦЕ: Оваа соработка важно е што го поддржува и спроведувањето на Целите за одржлив развој на ООН посебно целта 6.5 за интегрирано управување со видните ресурси на сите нивоа, вклуќително и она на прекугранично ниво“ .