Магазин

(ВИДЕО) Бојко Борисов правејќи обиколка на Бугарија ја слушал македонската преработка „Корона чао“

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов сподели видео на социјалните мрежи од обиколката која ја правел низ Бугарија, слушајќи ја преработката „Корона чао“ од Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Тој заедно со видеото напишал дека Северна Македонија ја има поддршката од Бугарија во справување со коронавирусот.

„Благодарам на сите бугарски граѓани кои што ги почитуваат правилата. Само така ќе го вратиме животот во нормала. Благодарност и до Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Северна Македонија може да сметате на нашата поддршка“, напиша Борисов.

„Голема благодарност до премиерот на Р Бугарија, Бојко Борисов кој тукушто испрати порака на заедништво и поддршка за нашата земја во борбата со овој вирус. Преку нашата песна “КОРОНА ЧАО” која спојува и носи оптимизам секаде. Песната не знае за граници и јазици“, велат Драган Спасов Дац и Александар Митевски.

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2740540286174024/UzpfSTEwMDg5OTE1MTI2Mzc1NDoyNDU2MTQ0MTM0NTg4OTM/

На почеток