Актуелно

ОМ: Hие од десницата не сме лицемерни лажговци, ниту простаци и крадци!

Деновиве гледаме како одредени функционери на СДСМ и про-опозициски  портали даваат свои „видувања“ и оценки за десницата во Македонија. Поради тоа одлучивме, како Обединети за Македонија,  пред македонскиот  народ да појасниме одредени ставови, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

Со сета почит, но ние од десницата не сме лицемерни лажговци, ниту  простаци и крадци.
Десничарската политика смета дека одреден социјален ред е пожелен и  ние ја поддржуваме оваа позиција врз основа на природното и човековото  право, економијата и традицијата, а како пример би ја навеле  конкуренцијата во пазарните економии.

Обединети за Македонија се залага за центар-десните политичко-економски принципи и спроведување на модерен, про-западен, државен патриотизам.

Државниот патриотизам го поврзуваме со демократизацијата, конструктивните идеи и љубовта кон државата, а не манипулација и етничкиот национализам и сепаратизам.

Воздигнување на духовните вредности и достоинството на целиот македонски народ без оглед на верата и националноста е, исто така, еден од главните принципи на кои се засновува нашата партија.

Се разбира, правната држава и слободниот пазар и конкуренцијата според нас, се темелни основи на економскиот систем, како и слободата на говорот и печатот, но и зелениот конзервативизам – зачувувањето на природата, што само по себе носи и здраво потомство.

Ете, тоа се дел од нашите десничарски принципи, а не таканарачената „десница“ која е под контрола на анти-западните структури во Македонија и на истокот.

Обединети за Македонија со своите контакти со конзервативните и либерал-десничарските партии во Европа помогна во осознавање на вистината за Македонија, не само кај европските левичари, туку и кај десницата.

Лицемерите и лажговците, како што ги нарекувате, немаат никаква, ама баш никаква врска со десницата и вредностите што погорe ги наведивме.

Обединети за Македонија останува на десничарската оска во Македонија.

Но, се разбира, увидуваме дека периодов не се работи за борба меѓу левицата и десницата. Периодов е борба меѓу про-западните и анти ЕУ и НАТО структури во Македонија. Затоа сметаме дека денес политичката борба во Македонија е борба за про-НАТО и про-ЕУ структури против
оние кои се против сето тоа, без оглед на политичка определба.

Кога конечно ќе се направи простор и пат за демократска борба меѓу левицата и десницата, тогаш ќе се создаде можност за демократско спротивставување на идеи кои не се штетни за државата.

Се надеваме дека ваквите ставови не се официјални ставови на СДСМ или на некоја друга политичка партија, туку дека се работи за одделни поединечни определби.

Да не заборавиме дека заедно го уривавме анти ЕУ и анти НАТО режимот во Македонија, кадешто вистинската десница имаше голем уддел во воведувањето на демократизацијата во Македонија, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

фото: Обединети за Македонија

На почеток