Македонија

(ФОТО) Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери, наменети за учениците од социјално-ранливи семејства

Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери од компанијата „Еколог Интернешнл“ кои ќе бидат наменети за учениците од социјално-ранливи семејства од Охрид кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.

Oваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на Корона вирусот „Ковид 19“.

Освен во Охрид, компанијата донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.588979795040961/588979458374328/?type=3&theater

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток