Билјана Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија, во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ реагираше на најавата на СДСМ за избори во услови на коронавирус со маски и раквици. Во изјавата на Џинго се вели:
-„Генералниот секретар на СДСМ вчера најави избори со маски, ракавици, социјална дистанца…, односно, гласање во неприродни услови и во услови кога здравствената криза со коронавирусот не е елиминирана. Оваа идеја на СДСМ е крајно загрижувачка и опасна бидејќи нема да имаме фер, чесни, легитимни и регуларни избори.
Уште од сега е јасно дека со такво гласање излезноста на изборите ќе биде многу мала, бидејќи, гласањето со маска, ракавици и социјална дистанца потсвесно делува кај луѓето да бидат заразени и во ситуација да бираат меѓу здравјето и гласањето ќе го одберат здравјето. На тој начин практично нема да излезе на гласање мнозинство од бирачите кои се неопределени и вообичаено опозициски определени.
Од друга страна, СДСМ со уцени и закани спрема администрацијата, лицата кои примаат социјална помош, и пред се, преку десетиците илјади вработени партиските војници кои ги интересира само зачувување на фотелјата ќе обезбеди каква-таква излезност. Но малата излезност го руши легитимитетот и регуларноста без оглед што за парламентарните избори не постои цензус.
Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ го повикува СДСМ да не влегува во опасна авантура со нефер, нечесни, нерегуларни и нелегитимни избори кои не ја одразуваат војлата на бирачите“ – потенцираше Џинго.
фото: Единствена Македонија