Македонија

Ден Дончев си поднесе оставка од директор на Фондот за здравство

Ден Дончев си поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство. Тој како причина за оставката наведува здравствени и семејни причини. Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почустувувал вистинско време да го стори тоа.

Дончев стана директор во август 2017 година. Тој на парламентарните избори во 2016 г. беше носител на листата во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“ и важи за близок до екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Фото: Архива

 

На почеток