Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на 73. Генерално собрание на Обединетите нации кое годинава се одржува на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите. Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, завчера присуствувал на отворањето на генералната дебата на Генералното собрание на ОН и остварил билатерални средби со јорданскиот крал Абдула Втори, со Владимир Воронков, заменик-генерален секретар на ОН задолжен за контра-тероризам и со надбискуп Пол Ричард Галагер, секретар за надворешни работи на Ватикан.