Субјектите кои без договори ги користат плажите во Охрид уплатувале средства на државата од како биле принудени со судска пресуда која сами ја прифатиле и претходна тужба поднесена од Општина Охрид за надохнада на штета причинета кон државата по основ на незаконско стекнување.
Тужени биле правните субјекти кои обавуваат дејност на државна земја без договори на плажите во јавноста познати како „Потпеш“, „Куба Либре“, „Канео“ и „Кадмо“ и сите го признале тужбеното барање и на државата и уплатиле средства во износи предвидени со старите договори кои беа на сила од 2006 до 2015 година, а во кои износите за најголемата плажа не надминуваат околу 5.000 евра за цела година, за користење илјадници квадрати државна земја.
ПЛАЖИТЕ САМИ СЕ ЖАЛЕА ПРОТИВ НАДДАВАЊЕТО НА КОЕ ПОБЕДИЈА
По јавното наддавање од 2018 година субјектите кои тогаш аплицираа имаа можност законски да продолжат да работат со плажите, но ќе мораа да плаќаат далеку повисоки износи за закоп од тие кои ги плаќаа со години, а за кои јавноста знае дека беа во смешно ниски износи.
Правните субјекти кои ги добија плажите ( истите кои сега ги користат без договори ) со цел да одбегнат плаќање на поголеми цени на закуп поднесоа жалби против постапката во која тие беа најдобри понудувачи и со тоа случајот го префлија во судските лавиринти каде издејствуваа поништување на договорите и со тоа сами себе се доведоа во ситуација да немаат договори и да работат на диво.
УГОСТИТЕЛИТЕ НА КЕЈ МАКЕДОНИЈА БАРААТ ПЛАТФОРМИ
Угостителите кои работат на „Кеј Македонија“, а кои плаќаат кирии и закупнини за објектите или за користење на терасите , на повеќе неформални состаноции со властите и пеку писма испраќани до политичари од власта во Скопје барале и тие да си постават платформи во езерото и за тоа да не плаќаат пари. Платформи се барале од пристаниште до „Мазија“.
АРШИНИТЕ НА МЕДИУМИТЕ
Локалните медиуми до септември 2017 година водеа жестока ек0лошка кампања против властите која во поедини локални медиуми и кај поедини локални дописници на национални телевизии целосно замре и ја снема во текот на 2018 година. По ова за дивоградби, плажи и екологија најчесто пишуваат само два портали и едно радио.
Заради тесните финансиски врски кај одредени медиуми кои директно се финансирани со пари од фирмите кои ги работат плажите, од 2018 година до денес речиси сите важни еколошки теми се отвораат од медиуми во Скопје.
ШТО ПРЕДВИДУВА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ ?
Во точка 10.4 од акцискиот план „Планот за управување“ кој е донесен по барање на УНЕСКО и меѓународниот фактор стои дека неможе да постојхат бетонирани повшрини и платформи на езерскиот брег и во самото езеро.
Точката 10.4 од планот ја објавуваме во целост, а планот детално на јавноста ќе и го презентираме деновиве
фото: Охрид 1