Директорот на тетовската Клиничка болница одбил да ја прими донацијата која дошла во болницата пред три дена, затоа што била од меѓународна компанија која има казина и организира игри на среќа и во Македонија. Во кругот на болницата пристигнало возило натоварено со 10 специјални болнички кревети, креветите биле растоварени од возилото, а биле ангажирани и неколку хостеси кои требало да го изрекламираат казиното и донацијата но, кога пристигнал директорот на болницата Флорин Бесими и кога видел дека станува збор за донација од казино, одбил да ја прими пратката. Покрај креветите, донацијата била и од средства за дезинфекција и други помошни материјали, објави СДК.МК.
После ваквата реакција на директорот, креветите биле вратени во возилото.
СДК.МК неофицијално дознава дека болничките кревети сега се веќе во функција во друга јавна здравствена установа.
фото: СДК.МК