Актуелно

Георгиески: Се градат потпорни ѕидови на неколку локации

Во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, деновиве се работи на изградба на потпорни ѕидови на неколку локации, во должина на сообраќајницата, напиша на својот ФБ градоначалникот Константин Георгиески.

Два потпорни ѕидови се веќе изградени, а во тек се работни активностите за изградба и на третиот потпорен ѕид. На изградбата на четвртиот потпорен ѕид ќе се работи во текот на наредните денови.

Во рамки на проектот за реконструкција на улицата, паралелно се работи и на поставување на рабници, а се врши и тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки, напиша на својот ФБ градоначалникот.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.614107435861530/614107275861546/?type=3&theater

На почеток