Македонија

Жителите на с. Октиси масовно ќе излезат на протести доколку не се стопира сечата на шумата

Жителите на село Октиси се долго време се жалат дека со сечата на шумата и загадувањето на изворите од кои селото добива вода.
Деновиве жителите на С. Октиси, поради фактите дека и покрај тоа што нашата држава како и целиот свет се соочуваме со здравствената криза предизвикана од Корона вирусот и рестриктивни мерки во движењето на граѓаните, како и фактот дека целиот процес околу сечќата на шумата се наоѓа пред суд, а сепак истата интензивно продолжува, жителите на С. Октиси се подготвуваат масовно да излезат на протести доколку истата продолжи и понатаму, вели Даниел Шикоски жител од с Октиси.
Шикоски додава дека тој лично е претставник на месната заедница на С. Октиси кои како што вели почитувајки ги мерките и препораките од владата,  веќе ги предупредивме жителите дека во овој момент масовни собири не се дозволени.
„Морам да посочам дека мнозинство од жителите се многу револтирани од сето ова што се случува и се решени по секоја цена масовно да излезат на протести доколку не се стопира сечата на шумата“.
фото: Архива
На почеток