По 36 рочишта, на кои, Јовановски тврдеше дека во торбата земена од куќата на Орце Камчев немало 1.5 милион евра, ниту тој видел пари, а тоа го докажуваше со начинот на кој Зоран Милески-Кичеец ја носел торбата, по изрекувањето на девет годишната затворска казна кажа судот парите да ги бара кај Зоран и Вице Заеви.
Сашо Дуковски, адвокат на Јовановски во „Рекет“ во изјава за „А1он“ вели дека не е сигурен дали Јовановски зборел за конкретните пари од Камчев или на рекетите во Македонија.
„Ќе треба од него да барате изјава за тоа. Вие гледате дека парите не се најдени. Јас не можам да коментирам каде се парите. И има уште еден факт, не видовме пари. Јас мојата одбрана ја темелам врз основа на тоа што што го имам како доказ. Јас бев полусконцентриран кога тој зборуваше, не сум сигурен дека мислеше на конкретните пари. Не сум сигурен, ќе ја видам изјава. Можеби мислел на парите од рекетите во Македонија, а не на конкретните пари. Не сум сигурен“, рече Дуковски за „А1он“.
Обвинителката Вилма Русковска за „А1он“ вели дека Јовановски никогаш не споменал дека парите се кај Заеви во текот на целата постапка која се водела за „Рекет“ и случајот „Меѓународен сојуз“ „Тој никогаш нема споменато такво нешто, ниту во истражната постапка за ‘Рекет’, ниту за ‘Меѓународен сојуз’, не споменал на главна расправа, никогаш. Второ, доколку е условно точно, сигурно Заев нема да му праќа праќа:
„Ги видов доказите, ова е чист рекет и морам да постапам’. Јовановски прво тврдеше дека нема пари. Ако немало пари како завршиле кај Заеви? Од почетокот до крајот на првостепената постапка, тој нема кажано една точна работа освен име, презиме и датум на раѓање. Кога беше рочиштето за завршни зборови, немаше исказ кој не му го побив“, рече Русковска за „А1он“.
фото: Архива