Македонија

(ФОТО) Собир на ДУИ во Охрид, само мал дел од присутните со заштитна маска

Без потребна дистанца , денеска во Воска, Охрид  ДУИ  одржа мини митинг или собир. Само мал дел од присутните имаа маски на себе, но дистанца никој не почитуваше.

На фотографиите јасно се гледа дека собраните партиски членови и симпатизери седат еден до друг, збиени, а дел од нив немаат заштита на лицето. Овие фотографии внесоа немир кај граѓаните затоа што овој период е значително зголемен бројот на позитивни на КОВИД 19.

Инаку неодамна министерот за здравство истакна дека сите лидери на политичките партии се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место, при што се договориле да се почитуваат владините протоколи за заштита.


Според ова прдизборна кампања да се одвива согласно препораките и генералните правила за движење, а сите активности во кампањата треба да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од 1,5 до 2 метри. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот за време на кампањата, секогаш на затворено и на отворено кога не може да се одржува дистанца.

При собири и други наста и пред кампања и во кампањата мора да се почитуваат мерки, а дури и за помали собири да се користат разгласни уреди.

Според денешните фотографии на денешниот собир од ДУИ не се испочитува ни една од овие мерки.

На почеток