Македонија

На Табановце влезе семејство од Германија, двете деца биле позитивни на КОВИД 19

Две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои штотуку влегле преку граничниот премин „Табановце“ во Македонија, враќајќи се од Германија, се заразени со коронавирус, објави САКАМДАКАЖАМ.  Децата веднаш биле однесени во адаптираната болница за Ковид-пациенти во Козле.

Како што дознава СДК.мк од МВР, родителите се негативни на вирусот, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.

Семејството патувало со автомобил. Сите се македонски државјани. Поради правилото со законска сила дека за да влезат во Македонија мора да имаат направено тест за коронавирус не постар од 72 часа, четворицата се тестирале во Ниш.

фото: Архива

На почеток