На денешен ден во 2000 година е прогласен денот на Охридското езеро од страна на локалните самоуправи на трите градови кои лежат на неговиот брег Охрид, Струга и Поградец се со цел поголема заштита како природно наследство од македонска и албанска страна и подигање на свеста за негова заштита како што е одлевањето на отпадните води, урбанизацијата кои стануваат најголемите проблеми со кои се соочува езерото, особено од албанска страна, напиша на својот ФБ профил носителот на ИЕ5 од македонски концепт, Стево Насковски.
Насковски во својата објава уште додава:
Охридското езеро е бисерот наш по кој не препознава целиот свет, колку што си длабоко толку историја криеш во себе, колку што си убаво уште повеќе се заљубуваме во тебе.
Да си ни вечно и секогаш нај убаво ♥️