Свет

Терористички напад во Англија

Британската полиција соопшти дека ќе го третира како терористички акт вчерашниот инцидент во кој три лица се убиени, а тројца сериозно повредени откако маж со нож ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија.

Сведоците велат дека мажот 25-годишниот напаѓач е уапсен. Полицијата објави дека не бара други осомничени.

„Нема податоци што укажуваат на постоење на натамошна опасност за јавноста, но ги повикуваме граѓаните да останат будни и да пријават во полицијата доколку видат нешто сомнително“, рече главниот истражител Јан Хантер.

Тој исто така нагласи дека нападот во моментот не се третира како терористички акт, но полицијата не исклучува ништо во врска со мотивацијата за злосторството и работи со поддршка на полициските службеници од антитерористичката единица.

Сведокот Лоренс Ворт за Би Би Си изјави дека напаѓачот одеднаш пошол кон групата од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот избегал од паркот.

 

 

На почеток