Македонија

(ВИДЕО) Доко: Голем дел од ветувањата на Ахмети не се реализираа, затоа народот повеќе не му верува

Васфи Доко, претседател на огранокот на ДПА, е првиот албанец од Охрид, носител на листа.

„Ова е голема чест и поддршка на албанците од Охрид, Ресен, Битола, Крушево, Долнени, а сигурно и другите етникуми кои се во помал број да можат да го слушнат својот глас, и народски кажано, јас да можам да им бидам поштар на сите нивни барања и реализатор во законодавниот дом“, вели Доко.

Тој во интервју за Скопје 1 вели дека ДПА е  подготвена за кампањата.

„Ги имаме организрано сите штабови, каде сметаме дека треба да имаме наши претставници, сите си ги знаат своите задачи. Имаме контакти со граѓаните тие не примаат благонаклоно, сакаат да имаат инаков однос спрема нивните потреби, а најголем дел од тие барања се од економски аспект, затоа и во нашата политичка платформа еден од основните двигатели од таа кампања е граѓаните да можат да ги надминат тие финансиски проблеми“, истакна носителот од ДПА за ИЕ5.

На прашањето за ставот на Ахмети според кој дошло време албанец да е премиер Доко вели:

„Голем дел од ветувањата кои требаше Ахмети да ги реализира во изминатите 18 години, не се остварија. Кога ќе почнеш после пак да ветуваш над тоа народот повеќе не верува. Јас не сакам погрешно да ме разберат и јас како албанец би сакал да има претседател на Влада Албанец, но ние знаеме како се прави сето тоа, потребни се добивање поголем број мандати на пратеници или да има предизборен договор помеѓу партиите од албански и македонски блок. Првата точка од платформата на ДПА е да имаме заменик премиер со право на консензус. “, вели Доко.

Доко е категоричен:

„Ние немаме друг пат освен  Евроатланските интеграции. Нашата најголема желба се исполни ние сме членка на НАТО, но треба да исполниме и се за да станеме членка и на ЕУ“, вели тој.

Што се однесува до програмата според носителот на ДПА за ИЕ5 , партијата има две клучни точки.

„Едната е консезуална демократија, со нашиот заменик претседател на Влада каде поготово нашите барања за албанците мора да бидат со наша согласност, а вториот сегмент е буџатот на земјава“, вели Доко.

Тој напоменува дека сака да има позитивна кампања, таа да се води со дела и проекти а не со меѓусебни напади.

А по изборите Доко вели дека очекува ДПА да биде клучен носител во новата Влада.

 

https://www.facebook.com/ohrid1/videos/798953707305327/

На почеток