Оваа година ќе ја направивме историска, во иста година нашата земја стана член на НАТО и ќе почне преговори со Европската унија, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
ВМРО-ДПМНЕ што не направи ништо ќе пукне од мака, бидејќи нешто што го фрли во бунар пред 12 години, ние го завршивме за три години, истакна Шекеринска.
Зоран Заев пред да отстапи да биде премиер, беше присутен на иста маса со Трамп, Столтенбер, Џонсон, Макрон, Меркел, на маса на која Никола Груевски и никој од ВМРО-ДПМНЕ не може да сонува да припари, и тој премиер не доведе до ова, по сите лаги и колнења, што ВМРО ДПМНЕ ги ширеше цела година да добие членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, порача Шекеринска.
Таа додаде дека цела мината година ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема да се случи членство во НАТО, нема да добиете датум за почеток на преговори во ЕУ, се радуваа и во март, сите нивни надежи паднаа како кула карти.
И со ширењето на фејк њус од ВМРО-ДПМНЕ станавме членка на НАТО, нагласи заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
фото: Архива