Македонија

(ВИДЕО) Кекеноски: „Бомбите“ укажуват на еден поразителен факт, а тоа е дека снимањето не престанало

„Од оној момент кога ние цврство склучивме коалиција сме спремни за избори. Бевме подготвени и на 12 ти април, а подготвени сме и сега од причина што имаме сериозна програма и сметаме дека конечно е дојдено време после 29 – 30 години овој народ да ја одбери вистинската опција, бидејќи ги видовме и едните и другите. Ако едните беа арамии другите сега се во улога на крадци. Ако едните се манипулатори, другите се магионичари кои се ветуваат. Се што кажаа се излажаа и едните и другите“, вели за Охрид 1 претседателот на Движењето Фронт за обнова на Македонија ФроДеМ  и дел од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, про. д-р Јове Кекеноски.

Кекеноски додава:

„Сметаме дека конечно Република Македонија треба да добие народни пратеници кои нема да зависат од директивата на политичките лидери нема да бидат ориентирани исклучиво на тесно партиските потреби и барања и интереси, туку да работат во интерес на граѓаните на Р Македонија“.

За бомбите кои зачестено беа пуштани и од опозицијата, но и од власта, професото Кекеноски вели:

„Самот факт што бомбите се злоупотребуваат како од една така и од друга страна укажува дека оваа кампања ќе биде најнегативна и ќе имаме најнечисти избори. Ова укажува на друг поразителен факт кој укажува дека снимањето не престанало иако се донесе закон, иако сите ветија дека нема да има прислушувања, очигледно е дека она што го практикуваше Груевски продолжи да го практикува и СДСМ. Но ова укажува дека има нечесни политичари и кои во политичкиот конкурент гледаат непријател“.

За изборите во пандемија, но и за тоа што очекува коалицијата од изборната трка, Кекеноски вели:

„Приоритет на сите ни е здравјето на граѓаните, за разлика од другите кои манупулираат со здравјето на граѓаните, и само ќе потсетам дека едните манупулираа дека се грижат за здравјето, а се беше само да се испазарат за 10 дена, дали ќе се одржат или да не се одржат изборите што укажува дека приорит им биле партиски комбинаторики. Морам да потсетам дека ФРОДЕМ и коалицијата „Никогаш северна само Македонија“ уште пред месец дена предложи изборите да се одржат во три до пет дена, се со цел да се заштити здравјето на граѓаните, избирачите но и на членовите на избирачките одбори и тоа е добро што го прифатија во оваа техничка Влада, но не беа коректни да кажат дека тоа е наша идеја, наш предлог. Инаку факт е дека граѓаните конечно да расчистиме и со едните и со другите. Ние мора сериозно да се справиме со корупцијата на судството и криминалот. Не е можно да помине неказнет целиот арамилак, кој сега гледаме дека им служел за партиски цели. Судиите за жал само го преоблекоја дрсот од едните на другите. На не зборувам за бројчаникот кој беше ветен дека ќе врти, но очигледно тој врти во во џебовите на овие кои сега се на власт.На овие луѓе не им требаат луѓе кои ќе грабаат од народот, туку такви кои ќе им овозможат на овој чесен народ да си заработи и не да бидеме на последната скала на сиромаштија. Ќе работиме и на економски план, на привлекување на инвестиции, на прочистување на судството. Ќе се обидеме и на сите можни правни начини да го вратиме нашето вековно уставно име, да се обидеме да го корегираме, па дури и поништиме Преспанскиот договор  бидејќи ги пречекорува границите на виенската декларација за договорно право, што укажува дека некој за реализација на свои цели, запоставувајќи го националниот интерес и достоинство не доведе до ваква ситуација каква што се наоѓаме сега. Ние не велиме дека не сакаме во евроатланска интеграција. Ние можевме да влеземе и во ЕУ и НАТО, но да влезевме исправени како вистински граѓани, а не подгрбавени со свиткана кичма и дезориетирани“, вели Кекеноски.

За идејата на Ахмети дека е време во Македонија премиер да биде албанец, Кекеноски вели:

„Ние сите овие години ја слушаме ДУИ и мислиме дека конечно е дојдено време да се расчисти со ДУИ и со сите луѓе кои изминативе 20 тина години се на Власт и кои направија голема штата на Р Македонија и на економски и на криминален план. Јас не видов никој од ДУИ да е осуден за некое кривично дело. Јас немам против ни против албанците, ни ромите ни власите, ни египќаните, ни против турците, но чинам дека во оваа држава премиерот не можеме да го бараме по етнички клуч или по различни ставови на одредена етничка групација. На оваа држава и е потребен премиер кој пред се има знааење кој е чесен. На оваа држава и е потребен премиер кој пред се ќе си ја почитува сопствената држава и припадноста дека е македонец во Р Македонија.  Од друга страна пак ни дава сомнеж дека ова е договорено кога се потпишуваше тиранската платформа. Знаеме дека ова палатформа беше договорена помеѓу ДУИ  и бегалецот од Будимпешта, но Заев се обиде да испадне поербап, па ја прошири таа Тиранска платформа. не би ме чудело ништо во позадината на тие договори да има нешто што претседателот на СДСМ им ветил нешто за иднина. Оваа желба едноставно не треба да се реализира. Добро е што албанците се свесни затоа што нас не ни треба човек кој приоритет ќе има на етничката припадност, туку човек чиј приоритет ќе бидат граѓаните и државните интереси Р. Македонија“, вели Кекеноски.

https://www.facebook.com/ohrid1/videos/708296216402014/

 

На почеток