Зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките и препораките за заштита од корона вирусот 19 од страна на политичките партии?. Во паниката кој се повеке ги фаќа, поголемите политички партии воопшто не ги почитуваат мерките и препораките за заштита и почнаа да одржуваат народни митинзи каде на мал простор собираат (односно ги тераат да се собираат) партиските приврзаници. Притоа воопшто не водат сметка за препорачаната дистанца помеѓу присутните. Ја прашувам Комисијата за заразни болести дали мерките и препораките важат само во маркетите, банките, кафеаните и др институции, а не и при организирање партиски митинзи? Кој ке ја сноси одговорноста доколку по изборите бројката на новозаразени порасне повекекратно? Затоа во име на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” бараме ДИК и Комисијата да ги казнат сите партии кои одржаа вакви собири и каде ги прекршија мерките и препораките при што свесно ги доведуваат граѓаните во опасност од можна зараза, истакна проф Јове Кекеновски, претседател на ФРОДЕМ и дел од колицијата „Никогаш северна само Македонија од Кавадарци и Неготино.
Тој додаде:
Функциите не се побитни од нашето здравје.
Во Србија добровоно ги затворија џамиите. Овде партиите треба да се откажат од митинзите и да ги доведуваат во опсаност сопственото членство.
- Обвинителите се ажурни само кога е во прашање нивната кожа и кога ке им се споменуваат нивните дела и тогаш се закануваат со тужби и опомени пред тужби. Инаку молчат цело време и чекаат налог од партиите на кои им се должни. Уште молчат и не реагираат на ниту една од аудио бомбите кои постојано излегуваат во јавноста иако се работи за сериозни индиции. Од нив гледаме дека она што го правеле едните во минатото го продолжиле сегашниве уште пожестоко. Уцени, крадење, заканување, награди за палење коли на неистомисленици и што уште не. Зато ние нема и понатаму да дозволиме да имаме вави судии и обвинители, нема пресудите да ни ги иктираат политичарите и бизнисмените. НЕма во иднина политичарите и бизнисмените да одлучуваат кој ќе биде процесиуран а кој ослободен.
Ние нема да ги праќаме во пензија политичарите и незосвесните судии и обвинители. Ниле го испратиме во КПУ да си го отслужат сторените злодела.
2 Затоа Овие избори се битка за Македонија и Македонското. Оваа битка мораме да ја избориме со пенкало. Зошто веруваме дека ке победиме во оваа битка? Затоа што ова е:
- битка на чесните против арамиите во политиката,
- битка на достоинствените наспроти подгрбавените,
- битка на оие кои ја бараат правдата против рушителите на Уставот и законите
- битка на оние кои си ги љубат своето, наспроти оние кои го грабаат нашето и распродаваат заедничкото.
- Затоа на 15 јули драги го бараме и очекуваме со Вашиот глас за нас, конечно да а расчистиме со сите нив
- Да расчистиме со коие кои нелегално снимаат, уценуваат, рекетираат и диктираат пресуди; и не досиромашуваат и обезличуваат
ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ И КАЗНА.
ВРЕМЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ НАРОДНИ ПРАТЕНИЦИ, НАМЕСТО ПАРТИСКИ ПЛАТЕНИЦИ и ПОСЛУШНИЦИ
- Ајде да видиме кои ни се противниците?
-
- Во ИЕ 1 – проф. поранешна либералка, противник на ДПМНЕ, сега перјаник на ДПСМНЕ и поранешен амбасадор на ДПМНЕ, сега министер на гурбет во СДССМ, човек кој го потпиша Преспанскиот договор напсроти една чиста душа на нашата коалиција г-ѓа Билjана Џинго
- Во мојата ИЕ 2 имам против кандидат неуспешен технички премиер кој носеше пиши бриши уредби и поранешен министер од ДПСМНЕ со еден куп кривични пријави. Патем кога овој вториот студираше јас и моите колеги бидете сигурни дека не го учевме на вакви работи.
- Во ИЕ 3 повторно носител на листа кој е обвинет за милионски криминал кој се штити со помош на функцијата која ја извршува генерален секретар на партија, класичен силеџија наспроти патриотот проф. Вангел Симев
- Во ИЕ 4 имате поранешен премиер на партијата на власт за кој нема ништо да кажам бидејки делата негови зборуваат, а туке е и еден неработник и партиски прислушник кој за време на неколку пратенички мандати станал милионер наспроти проф д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија, вистински и чесен патриот
- Во ИЕ бр 5 имате амнестиран уметник за кој неговите довчерашни соборци велат дека со своите ортаци требал да подлели 200.000 евра за да ја брани (или по се изгледа растура) државата, и онаа која повеќе од 20 години е во шеќерот наспроти ген. Сек. на партијата Единствена Македонија, вистинси домакин и одговорен човек
- И во ИЕ 6 храбриот наш млад соистомисленик и патриот наспроти анонимни доктори кои наместо да си ја гледаат професијата и да се борат против корна вирусот се плеткуваат во политиката, истакна проф. Кекеноски.