Слајдер

Кекеноски: Зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките од страна на политичарите?

Зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките и препораките за заштита од корона вирусот 19 од страна на политичките партии, прашува претседателот на Движењето Фронт за обнова на Македонија ФроДеМ  и дел од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, про. д-р Јове Кекеноски.

• Во паниката која се повеке ги фаќа, поголемите политички партии воопшто не ги почитуваат мерките и препораките за заштита и почнаа да одржуваат народни митинзи каде на мал простор собираат (односно ги принудуваат да се собираат) партиските приврзаници. Притоа воопшто не водат сметка за препорачаната дистанца помеѓу присутните.
• Ја прашувам Комисијата за заразни болести дали мерките и препораките важат само во маркетите, банките, кафеаните и др институции, а не и при организирање партиски митинзи?
• Кој ке ја сноси одговорноста доколку по изборите бројката на новозаразени порасне повекекратно како последица од непочитување на мерките и препораките?

Затоа во име на Коалицијата ,,Микогаш северна, само Македонија” бараме ДИК и Комисијата да ги опоменат и да ги казнат сите партии кои одржаа вакви собири и каде ги прекршија мерките и препораките при што свесно ги доведуваат граѓаните во опасност од можна зараза, вели Кекеноски и додава.

Лидерите на политичките партии мора да сфатат дека функциите не се побитни од нашето здравје.

https://www.facebook.com/jove.kekenovski/posts/1709149885915091

На почеток