Свет

(ВИДЕО) Се урна покрив во Ломбардија, загинаа мајка, син и 15-месечно бебе

Три лица загинаа, а најмалку едно е повредено при  уривање на покривот на некогашниот индустриски објект во Албизате, Ломбардија, пренесуваат локалните медиуми. 38-годишна мајка починала на лице место и нејзиниот петгодишен син, а на повредите им подлегнало и 15-месечно бебе кое со хеликоптер било пренесено во болницата со тешки повреди.

Во несреќата повредена е 42-годишна жена, која е во болница, но не е во животна опасност.

Агенцијата „Анса“ наведува дека некогашниот индустриски објект, чиј покрив се урнал, се наоѓа во центарот на градот во кој живеат 5.000 жители.

На почеток