Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска, Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз ќе предаде донација од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.
Во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет, јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце. Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.
Донацијата која ќе ја предаде Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз ќе ја преземат в.д. претседателот на Врховниот суд м-р Фаик Арслани, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, и Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Фото: Архива
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)