Македонија

Шестмина приведени по инцидентот во „8 Септември“, еден од нив е позитивен на ковид-19

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Меѓу нив е и роднина на починат кој е позитивен на коронавирусот и е спроведен во полициската станица Гази Баба од страна на полицијата со специјални протоколи, откако претходно, бил пријавен дека заедно со други лица се заканувал на докторка, објави Макфакс. 

Пред болницата „8 Септември” во Скопје распоредени се десетици полицајци.

фото: Макфакс

На почеток