Некатегоризирани

Лулјета Ајрулаи: „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, еве што предлагаме…

Граѓанската платформа „Македонски Концепт“ е единствената граѓанска опција на изборите кои ќе се одржат на 15 јули. „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, истакна Лулјета Ајрулаи кандидат за пратеник во ИЕ 5 од „Македонски Концепт“ .

Проектот „Обештетување на граѓаните“, предвидува дирекно парично обештетување за сите граѓани, кои се ограбени во последниве 30 години во периодот на предолгата и тешка транзиција. Тоа ќе го опфати секој граѓанин на Македонија, согласно мерливи критериуми за утврдување на степенот на индивидуална штета, која е веќе настаната. Рок на реализација: 2021-2026 година. Преку правична распределба на богатството во земјава ќе се дојде до благосостојба во државата. Богати граѓани е нашата цел. Богати и достоинствени граѓани може да изградат Нормална држава.

Проектот “Не сте сами” треба да донесе достоинствен живот и грижа за луѓето кои сами се грижат за своите деца. Граѓани и организации, кои имаат експертиза во ова област, „Македонски Концепт“ се обврзува, сите донесени решенија, да ги претставува и да се бори за нивна имплементација, преку наше учество во институциите на државата или преку нашиот граѓански активизам. Самохраните родители, секојдневно се борат со сите искушенија и специфични потреби, кои ги имаат оваа категорија на граѓани во борбата за достоинствен живот.

Проектот “Глас на животните”, Македонски Концепт се обврзува да промовира конечно решение за уличните животни, кои се оставени без заштита и нега, сами на себе. Во Кичево особено е нагласен проблемот со уличните кучиња, проблем кој се протега со години наназад и кој ги загрижува и вознемирува граѓаните на Кичево.

„Македонски Концепт“ е политичка платформа која произлегува од граѓаните и се залага за подобрување на животот на граѓаните. Доста трпиме неправди и деградиран политички систем, на овие избори имате Последна Шанса да гласате за Нормална држава со заокружување на бројот 10, истакна Лулјета Ајрулаи кандидат за пратеник во ИЕ 5 од „Македонски Концепт“ .

На почеток