Македонија

Негативен и вториот тест за Ковид 19 на Антонијо Милошоски

,,И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение, напиша Антонијо Милошоски кој е хоспитализиран на Инфективна клиника поради покачена температура и покрај тоа што тестот бил негативен.

Пред неколку денови, неговата мајка на својот фејсбук профил објави дека како медицинска сестра, која работи во болницата во Кичево е позитивна на корона вирусот и кажа дека неколку денови пред да дознае, имала контакт со нејзиниот син.

 

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/photos/a.670461269640009/3424003157619126/?type=3&theater

На почеток