Македонија

(ВИДЕО) Силна поддршка за отстранувањето на дивоградбите во Охрид од Европската Унија

Денес амбасадорот на Европската Унија Самуил Жбогар заедно со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски одржа прес конференција на плажата „Горица 3“ која околу 10 години беше узурприана и при чие отстранување се случија помали инциденти.

„Плажата е слободна за користење од граѓаните, а посетата на амбасадорот токму на оваа плажа е јасна порака до сите. Особено сум горд што нашите заложби како локална и централна власт во делот на управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро и зачувување на природното и културното наследство на овој регион, денеска добија поддршка, лично од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, истакна градоначалникот Константин Георгиески.

Тој додаде:

“Оваа можност ја користам уште еднаш јавно да му ја искажам мојата огромна благодарност и почит за неговата заинтересираност и информираност во врска со актуелните состојби во овој регион.

Ме радува фактот што нашите стратешки партнери од ЕУ, кон кои се стремиме да се интегрираме како држава, ги препознаваат и ги ценат нашите богатства кои се под закрила на УНЕСКО и се трудат да го помогнат целокупниот процес.

Освен за темата околу имплементацијата на Планот за управување на светскотото природно и културно наследство, во делот на крајбрежјето и соодветно спроведување на постоечките законски прописи, со амбасадорот Жбогар разговаравме и за актуелниот проект за враќање на реката Сатеска во старото корито. Ова е проект кој е многу значаен за Охридското Езеро и истиот се имплементира со помош на средства од ЕУ фондовите. Амбасдарот потенцираше дека ЕУ фондовите се секогаш отворени за поддршка на проекти кои се во насока на заштита на животната средина.

Го разбирам интересот на јавноста и на медиумите во врска со сите актуелни прашања деновиве, но со должна почит, би сакал да упатам еден јавен апел до сите охриѓани, до сите засегнати страни во целокупниот процес, да покажат поголемо разбирање и да дадат поддршка на мерките кои се спроведуваат и кои се во насока на сопирање на самоволието и импровизациите кои се случувале со години наназад.

Даваме максимални напори да ја поправиме целокупната слика, која години наназад му нанесе големи штети на имиџот на охридскиот туризам, а најмногу во строго заштитената зона на крајбрежјето на Охридското Езеро. Треба сите да сфатиме дека таков тип на урбанизација на крајбрежјето повеќе нема да има.

Ве повикувам сите заедно да ја запраме деградацијата на уникатните аспекти на регионот, да го штитиме нашето духовно и материјално наследство и да го чуваме за идните генерации. Само така ќе може да имаме подобри услови за развој на туризмот и подобра иднина, која Охрид ја заслужува“, истакна градоначалникот.

ВИДЕО ОД ИЗЈАВАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ

„Колку што цениме дека владеењето на правото ќе биде спроведено од оваа страна на езерото, исто така очекуваме дека владеењето на правото ќе важи и за другата страна на езерото па и за целото езеро. Јас сум овде за да помогнам на самиот град Охрид да го зачува статусот на УНЕСКО, но и да се заштити тој статус, односно езерото. Јас гледам и разбирам дека има некои поединци во Охрид но исто така и во околината на Охрид, кои не се грижат многу за статусот на УНЕСКО, туку на прво место ги ставаат нивните приватни интереси“, рече Жбогар.

На почеток