Актуелно

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на тротоарите на неколку улици во Охрид

Деновиве завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедскaта патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Беше извршено поплочување на пешачката патека со бехатон и се изврши асфалтирање на велосипедската патека. Исто така во рамки на реконструкцијата, беше извршена замена на стариот дрворед со нови садници и извршено е соодветно хортикултурно уредување.

Реконструкцијата на тротоарот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. Според планираното, во текот на наредниот период ќе биде извршено и уредување на тротоарот на булеварот „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“, напиша градоначалникот на ФБ.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.627111204561153/627111067894500/?type=3&theater

На почеток