Свет

Вучиќ размислува Белград да го стави во карантин

Српски Blic објави дека претседателот Александар Вучиќ вечерва ќе соопшти дека целосно го затвора главниот град Белград поради коронавирусот. Според Blic неофицијално им било потврдено дека се размислува за повторно воведување на полицискиот час во вечерните часови, но голема е веројатноста за карантин за Белград, што значи дека ќе биде забранет влез и излез од главниот град.

Вчера во Србија беа направени 8.626 тестови за COVID-19 од кои 272 беа позитивни, а четворица пациенти починаа.

Вчера исто така беше забележан најголем скок во бројот на пациенти на респираторна машина – од 42 на 73.

B92.net објави дека според најновите достапни податоци, од сите регистрирани случаи во изминатите 24 часа, повеќе од 80% се во Белград.

фото: Архива

На почеток