Владата демантира дека е опожарено возило во нивна сопственост.
Опожареното возило „ауди 4“ на улица „Димитар Влахов“, не е во сопственост на Владата, се вели во демантот од Владата.
Инаку првичната информација беше дека утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија.“
фото: Архива
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)