Македонија

Фалат снимки од два часа од надзорните камери во теретаната каде вежба Мицкоски

Случајот „Теретана“ поврзан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да биде затворен се додека не се докаже кога е направена снимката објавена на социјалните мрежи од надзорните камери, вели дополнителната-заменик министерка, Славјанка Петровска за „А1он“.

Таа смета дека најголемиот сомнеж дека снимката е од период кога Владата ги затвори теретаните се ракавиците и маските кои се гледаат на снимката, а не верува дека се од отсјај, како што кажа техничкиот министер, Наќе Чулев. Петровска за „А1он“ потврдува дека недостасуваат снимки од две надзорни камери.

„И јас и министертот читаме исти извештаи, не знам од каде е потребата да се прескокнуваат пишаните редови. Точно е дека во извештајот кој е доставен до ОЈО стои дека во одреден ден, точно наведен со датум, одредени временски интервали, точно наведени со час, минути и секунди недостасуваат видео засписи од две камери. Се работи за ист временски интервал од отприлика 2 часа. И се работи за датум во периодот додека мерките за заштита од вирусот се активни. Овој извештај не е потпишан од помошниците за внатрешна контрола, затоа што овој е извештај кој го подготвува надлежна организациона единица во СВР Скопје и е потпишан од началникот на таа единица“, вели Петровска за „А1он“.

На почеток