Скопје

Турски државјани избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже.

Од полицијата информираат дека чаршавот бил пуштен помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотелот.

„По проверка во собите од полициски службеници било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 3 јули, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото: Espreso

 

На почеток