Скопје

Маж со секира ја нападнал сопругата додека спиела, подоцна бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во населбата Дрма.

Како што информираат од полицијата, мажот потоа избегал со возилото, а сопругата била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Неколку часа подоцна мажот бил пронајден починат на нива со повреда на вратот.

Полициска екипа извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На почеток