Свет

Италија ги затвори границите за 13 земји, во нив и Македонија

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, а меѓу нив е и Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на коронавирусот.

Забраната за патување се однесува на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.

На граница ќе се блокираат и луѓето кои биле или транзитираат низ тие земји во последните две недели. Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.

фото: Архива

На почеток