Македонија

Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје

Денеска изутрина, во придружба на полицијата, од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, која ги печатеше гласачките ливчиња и другиот доверлив изборен материјал за предвремените парламентарни избори, тргна изборниот материјал.

Според претседателот на ДИК, Оливер Деркоски материјалите ќе бидат доставени до општинските изборни комисии, за да можат тие во текот на утрешниот ден да извршат дистрибуција на материјалите до избирачките одбори.

Претседателот на ДИК при преземањето на избирачкиот материјал ги повика граѓаните да излезат масовно на гласање, да не се плашат за своето здравје, затоа што ДИК, како што рече Дерковски, се погрижила да ги обезбеди сите избирачки одбори со доволно заштитни средства, а и оние гласачи кои евентуално нема да носат маски на денот на гласање, да им дадат за да го остварат своето избирачко право.

Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола изработени се 1.814.263 гласачки ливчиња со висок квалитет и со 20 форми на заштита без никава можност за фалсификат, потврди директорот на печатницата во овој град Драги Милошевски.

На почеток