Актуелно

Георгиески: За неполни три години во Охрид се реализирани значајни инфраструктурни проекти, еве дел од нив …

За неполни три години во Охрид се реализирани значајни инфраструктурни проекти, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Тој во продолжение на својата објава додава:

Реконструкција на булевар „Туристичка“;

Реконструкција на улица „Македонија“;

Реконструкција на улица
„Егејска“;

Реконструкција на улица
„АСНОМ“;

Реконструкција и асфалтирање на голем број помали улици во сите населби и села во општината;

Поставување на нова атмосферска и фекална канализација;

Изградба на потпорни ѕидови;

Партерно уредување на патеки, паркинзи и тротоари.

Во моментов се работи на неколку важни инфраструктурни инвестиции⬇️

Реконструкција на улица „15-ти Корпус“;

Реконструкција на улица „Абас Емин“;

Реконструкција на улица „Прва Македонска ударна бригада“;

Изградба на нова улица во поранешната касарна;

Реконструкција на улица „Охридска Бригада“.

Реализирани се низа инвестиции за подобрување на инфраструктурата во охридските основни и средни училишта⬇️

Комплетна реконструкција на покриви во ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Братство Единство“-Лескајца и подрачните училишта во селата Елшани и Коњско;

Нова спортска сала, нова дограма, нов покрив и ново осветлување во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“;

Реконструкција на покривот и нова опрема во ОСУ „Свети Климент Охридски“;

Нова дограма за ОУ „Свети Климент Охридски“ и ОУ „Григор Прличев“;

Значајни инвестиции за подобрување на условите и во ОУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани, ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти;

Реновиран училишниот дом во рамки на ОУТУ „Ванчо Питошески“.

➡️Продолжуваме понатаму, посветено и одговорно да работиме за нашиот Охрид. Заедно напред, #Можеме уште повеќе и уште подобро!

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.632018070737133/632017727403834/?type=3&theater

На почеток