Новата вакцина против коронавирусот во Русија беше тестирана на првите 18 доброволци, кои се пуштени од болница затоа што се чувствуваат добро, објави „Спутник“.
Првата група на доброволци се состоеше од две подгрупи: првата подгрупа ја прими првата компонента, а втората подгрупа втората компонента на вакцината, и денес, конечно, 28 дена по вакцинацијата, тие се пуштени од болницата, пренесува „Спутник“.
