Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Абази пред заминување го спаси Филипче, требаше да биде на обвинителна клупа за модуларната болница, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвини обвинителот Ислам Абази дека пред заминувањето од функцијата го „заокружил работењето“ во интерес на СДСМ и ДУИ и дека го заштитил поранешниот министер за здравство Венко Филипче од одговорност во случајот со модуларната болница во Тетово.

Во партиското соопштение се наведува дека модуларните болници за време на ковид-пандемијата биле поставувани како „урбана опрема“, откако тогашната влада го изменила Законот за градење по итна постапка.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со тоа било овозможено Министерството за здравство да издава одобренија за нивно поставување.

— реклама —

Партијата тврди дека болниците биле набавени како стоки, а не како објекти за здравствена дејност, додека техничката спецификација, според нив, била изготвена од лице назначено од тогашниот министер Венко Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат и дека Светска банка барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници, како и извод од Катастар, но дека такви документи не можеле да бидат обезбедени затоа што, како што тврдат, процедурата не била запазена.

— реклама —

Партијата посочува дека Катастарот одбивал да ги запише објектите бидејќи биле набавени како стоки и немало извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење.

Во делот за тетовската модуларна болница, каде на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тогашниот економски директор Артан Етеми се противел на поставувањето на објектот поради недостиг на приклучоци, надзор и финансиски средства.

Сепак, според партијата, Венко Филипче донел одлука модуларните болници да бидат пуштени во употреба.

— реклама —

„Токму поради ова, обвинетите кажаа дека Венко Филипче треба да седи на обвинителната клупа заедно со нив“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата повторуваат и дека предметот, оформен на 10 септември 2021 година, долго време стоел кај обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, по што, според нив, Абази го заштитил Филипче.

— реклама —

„Ова не е прв случај во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети, а сега, пред заминување, си ја доработува задачата“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ дополнително го критикува Филипче за неговите јавни настапи и тврди дека тој се обидува да ја претстави својата работа како министер за здравство како успешна, и покрај случаите и скандалите од тој период.

Станува збор за политички обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања