Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АД ЕСМ со детали за труењето со храна: Конзумирале и други вработени кои се без симптоми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство и Центарот за јавно здравје ја утврдуваат причината за здравствените тегоби кај дел од вработените во РЕК Битола. По првите симптоми, работниците биле упатени на прегледи во Клиничката болница Битола, а мензата е превентивно затворена до завршување на анализите. Според АД ЕСМ, на преглед се јавиле 81 лице, најчесто со лесна клиничка слика и пуштени на домашно лекување. Истата храна ја конзумирале и вработени од „Термо“, но кај нив нема симптоми. Земени се мостри и брисеви, наредени се чистење, дезинфекција и санитарни прегледи; се апелира да нема шпекулации.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Испитувањата кои ги прават екипи на Агенцијата за храна и ветеринарство, и Центарот за јавно здравје треба да ја утврдат причината за здравствените проблеми кои ги мачат вработените во РЕК Битола.

— реклама —

Од компанијата АД ЕСМ денеска посочуваат дека истата храна ја конзумирале и вработени во делот „Термо“ во РЕК Битола, но кај нив не се појавиле никакви симптоми.

— реклама —

- Со цел навремено, точно и транспарентно информирање на јавноста, а во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, сакаме да истакнеме дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење  биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола.

— реклама —

Паралелно, раководството на РЕК Битола ги известило надлежните институции и презело превентивна мерка со затворање на мензата, сè до целосно завршување на анализите на земените мостри и утврдување на причините, се истакнува во соопштението испратено до медиумите од АД ЕСМ.

Од компанијата истакнуваат дека според досегашните информации, на преглед се јавиле вкупно 81 лице, при што најголемиот дел се со лесна клиничка слика и сите се пуштени на домашно лекување. Ова укажува дека состојбата е под контрола и се третира со соодветна сериозност.

- Дополнително, важно е да се напомене дека истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, каде што не се пријавени никакви симптоми.

Во однос на затворањето на кујната, станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата.

Имено, Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната - потенцираат од компанијата.

Потоа додаваат дека согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка  и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.

- Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.

Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди.

Политичките партии да се воздржат  од шпекулации со кои се обидуваат да добијат ситни дневнополитички поени  додека е во тек анализата од надлежните институции кои треба да ги утврдат причините - нагласуваат од АД ЕСМ во соопштението испратено до медиумите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym3s0ituuib4s3eKHPId

СДСМ Битола до РЕК Битола: Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?

Македонија | пред 9 часа

rek-bitola-1

Ако се потврди труење во РЕК Битола синдикатот ќе бара одговорност

Македонија | пред 9 часа

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Над 80 лица затруени од лазањи во РЕК Битола

Македонија | пред 1 ден

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

Дали дел од вработените во рудникот во РЕК Битола се затруле од храната, прашува СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања