Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ако се потврди труење во РЕК Битола синдикатот ќе бара одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
rek-bitola-1

81 вработен во РЕК Битола вчера побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура. Според пријавите на пациентите, причината за здравствените проблеми е конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола.

Од Независниот синдикат на АД ЕСМ велат дека ја следат состојбата, а доколку се потврди дека причина за труењето е храната или хигиената во кујната, ќе реагираат и ќе бараат одговорност.

— реклама —

„Независниот Синдикат на АД ЕСМ, ја следи состојбата на работниците во РЕК - Битола, кои се пожалија на болки во стомакот, за што побараја лекарска помош во Битолската болница.

Исто така јас како претседател на истиот, сакам да замолам за воздржаност околу коментарите за причината за настанувањето на овој проблем.

Сакам јасно да го потенцирам следното :

Ние како Независен Синдикат при АД ЕСМ, ќе почекаме Институциите да си ги завршат своите испитувања, и доколку навистина се потврди дека ова е настанато поради храната или хигиената во кујната за исхрана, жестоко ќе реагираме и ќе бараме одговорност, бидејќи никој неможе да си поигрува или да се однесува неодговорно, при тоа да го става во опасност здравјето и животот на вработените“, велат од Независниот синдикат при АД ЕСМ.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

АД ЕСМ со детали за труењето со храна: Конзумирале и други вработени кои се без симптоми

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarym3s0ituuib4s3eKHPId

СДСМ Битола до РЕК Битола: Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?

Македонија | пред 1 месец

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Над 80 лица затруени од лазањи во РЕК Битола

Македонија | пред 1 месец

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

Дали дел од вработените во рудникот во РЕК Битола се затруле од храната, прашува СДСМ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања