81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура.
Според специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос, повеќето пациенти имаат лесна клиничка форма и се испратени на домашно лекување, додека едно лице е задржано за понатамошна терапија на Интерно одделение.
„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна, лазањи со сос, во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма. На одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија“, изјави Сидиропулос.
Причината за здравствените проблеми, според пријавите на пациентите, е конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола. Надлежните институции започнаа истрага и анализа на инцидентот.
Дали дел од вработените во рудникот во РЕК Битола се затруле од храната, прашува СДСМ
Половина од вработените во рудникот во РЕК Битола денес не се на работа, велат од СДСМ Битола.„Го прашуваме раководството:Дали е точно дека значителен дел од вработените во рудникот во РЕК Битола се затруле од храната?Дали покрај негрижата кон комбинатот, сега не се води грижа ни за здравјето на вработените?Дали раководството, предводено од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, го води РЕК Битола кон пропаст?РЕК Битола се соочува со сериозни проблеми. Покрај недостигот на суровини неопходни за нормално функционирање, во текот на вечерта паднал и првиот блок, што дополнително ја влошува состојбата во комбинатот.Дополнително, денес се појавува и алармантен проблем – недостиг на работна сила.Според информации од наши извори, голем број вработени се затруле од оброкот послужен вчера во рудникот на РЕК Битола.Граѓаните на Битола и целата јавност заслужуваат итни и транспарентни одговори“, велат од партијата.
Македонија | пред 9 часа