Во текот на вчерашниот ден објавивме дека во рудникот во РЕК Битола се случило масовно труење на вработени, предизвикано од дневниот оброк, велат од СДСМ Битола.
„Наместо извинување и преземање одговорност, од РЕК Битола излегоа со соопштение дека станува збор за изолирани 5–6 случаи – тврдење кое е далеку од вистината.
Денес излегуваме со нови информации и поставуваме конкретни прашања до раководството:
Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?
Дали кујната во РЕК Битола од вчера е затворена?
Ако навистина немало труење, зошто тогаш кујната е затворена?
Дали вработените денес ќе останат без оброк?
И дали во иднина ќе треба сами да си носат храна од дома?
Овие одговори им ги должите на вработените во рудникот и на нивните семејства. Тишината не е решение. Одговорноста е“, велат од СДСМ Битола.