Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Адвокатот Тони Менкиноски започнува правна офанзива по забраната за влез во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Македонија
media-libraryvm3essd0llv7c26bN9l

Во изјава за ТВ 24 адвокатот Tони Менкиноски вели дека стартува со легална и легитимна правна офанзива пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите права, со цел заштита на правото на одбрана и непречено вршење на адвокатската професија.

— реклама —

Државата ќе ги искористи сите алатки кои ѝ стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓанин, изјавиле од Владата по забраната која адвокатот Тони Менкиновски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години.

Адвокатот вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија.

— реклама —

Менкиноски на прес-конференција неодамна изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка.

Адвокатот посочи дека ќе ги искористи сите правни и институционални механизми за да ја оспори оваа одлука. Случајот ќе биде доставен и до Комесарот за човекови права, Европскиот парламент, ОБСЕ, и Обединетите нации, како и до меѓународните организации кои ја следат состојбата со човековите права и независноста на адвокатската професија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања