Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Менкиноски: Ми се оспорува слободата на движење и правото за правична постапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-library68n00hqju0imbimAU8g

Адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред ЕСЧП, добил забрана за влез во Бугарија до 2036 без образложение и за тоа ги информирал Парламентот, Владата и МНР, оценувајќи дека му се кршат слободата на движење и правото на правична постапка. Тој најави оспорување преку механизми на Советот на Европа и ОН, информирани се и Хјуман рајтс воч и Амнести. Според него, мерката е поврзана со претстојна расправа во Комитетот на министри за неимплементација на пресуди против Бугарија. Упати апел претседателката да ги одликува претставниците на ОМО Илинден Пирин.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права и кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.

— реклама —

Образложение нема и она што е апсурдно бидејќи Македонија и Бугарија се членки на НАТО и ако јас сум ја загрозил националната безбедност на Бугарија по аналогија сум ја загрозил и нашата национална безбедност бидејќи сме сојузници. Претпоставувам дека нема официјален допис ниту до македонските власти ниту до кој било дека сум ставен на црната листа на Бугарија, изјави Менкиноски во Тема на денот на Сител ТВ.

Адвокатот изјави дека добил телефонски повик од премиерот, дека имал комуникација и со министерот за надворешни работи и со претседателот на Адвокатската комора. Менкиноски рече дека бил искомунициран и од претседателот на француската Адвокатска комора за застапување, од нивниот Оддел за застапување и од Израелска адвокатска куќа кои сакаат овој процес да го изведат пред меѓународните институции.

Овде не е само Совет на Европа, овде се во прашање и тела на Обединети нации кои се грижат и имаат фокус на адвокатите и судиите и дали врз нив се врши притисок и заплашување. Причината е што сега мислам дека е почетокот на мај Комитетот на министри, 46 членки на Советот на Европа ќе расправаат во врска со непочитувањето или неимплементирањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права за Бугарија. Бугарија е во паника бидејќи може да се донесе одлука за исклучување на Бугарија од Совет на Европа поради непочитување на столбот, на главниот столб, а тоа е Судот (ЕСЧП) во Стразбур, рече адвокатот Менкиноски.

Според него, постојат повеќе механизми за оспорување на оваа одлука и тоа пред Советот на Европа и Обединетите нации, а информирани се и Хјуман рајс воч и Амнести интернешнл. Менкиноски очекува силна реакција од ОН. Тој денеска се обратил исто така и до сите адвокатско конзуларни претставништва во Македонија.

— реклама —

Како адвокат ми се оспорува слободата на движење и правото за правична постапка, рече тој.

Адвокатот Менкиноски рече дека го очекувал овој чекор и упати јавен апел до претседателката да ги одликува со орден за храброст претставниците на ОМО Илинден Пирин

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvm3essd0llv7c26bN9l

Адвокатот Тони Менкиноски започнува правна офанзива по забраната за влез во Бугарија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања