Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Аеродром субвенционира купување тротинети, објавени условите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
mucunski-5432

Општина Аеродром во понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети:

- за велосипеди во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари;

— реклама —

- за електричен тротинет во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.

Заинтересираните граѓани е потребно да поднесат:

— реклама —

- Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата http://aerodrom.gov.mk/vest/8955, почнувајќи од понеделник)

- Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром

— реклама —

- Фотокопија од трансакциска сметка на барателот

- Оригинална фискална сметка или фактура со датум од тековната 2022 година како доказ дека е извршено купување велосипед и електричен тротинет

— реклама —

- Изјава (која може да се подигне од архивата или на линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/8955), со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за купување велосипеди и електрични тротинети за 2022 година“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 3 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 6 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања