Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Објавата на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на социјалните мрежи за оставен стар мебел покрај контејнери предизвика реакции на социјалните мрежи, откако жената што се препознала на фотографиите тврди дека отпадот уредно го пријавила и платила за негово подигање.

Митески на Фејсбук објави фотографии од жена покрај стар мебел, оценувајќи дека станува збор за неодговорно однесување и создавање дива депонија. Тој напиша дека инспекциските служби веќе постапуваат по случајот и ги повика граѓаните да пријавуваат вакви појави.

— реклама —

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија“, напиша градоначалникот.

— реклама —

По објавата, во коментарите се огласи Елена Рускова, која рече дека е жената на фотографиите и дека подигањето на кабастиот отпад го пријавила во Општина Аеродром и го платила. Според неа, преземањето било закажано за 22 октомври 2026 година.

Рускова најави тужба за клевета и јавно посрамување, барајќи од Митески да ги провери информациите кај општинските и инспекциските служби и јавно да ѝ се извини.

— реклама —

„Очекувам брзо да си проверите во Општината и инспекцијата дека сè ми е регуларно. И притоа очекувам јавно извинување“, порача таа.

— реклама —

Засега, од објавените информации не може независно да се потврди дали услугата била платена и дали мебелот бил оставен во согласност со правилата за негово преземање.

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

(Фото) Нов случај на несовесно одлагање мебел во Аеродром, Митески најави реакција

Оставање стар мебел покрај контејнерите и создавање диви депонии е проблем на кој мора да му се стави крај, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.Преку објава на социјалните мрежи, Митески информира дека е регистриран случај на оставање стар мебел на само неколку метри од контејнерите, со што се создава нова дива депонија.Според него, инспекциските служби веќе постапуваат по случајот, а градоначалникот упати благодарност до совесните граѓани кои реагирале и го пријавиле несоо

Скопје | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 3 дена

media-libraryf6lc61gla07e5IsYqSb

Остатоците од паднатите дрвја во Аеродром сè уште не се собрани, граѓаните реагираат на состојбата

Скопје | пред 4 седмици

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања